Системот на здравствена заштита на Република Македонија е развиен така што тој станува компатибилен со системот на ЕУ, со што се овозможува слободно движење на здравствените работници, служби и пациенти.

Системот на здравствена заштита обезбедува:

  • Јавни здравствени услуги насочени кон заедницата, како и здравствени услуги за поединци;
  • Генерирање на човечки и финансиски ресурси;
  • Правилно финансирање на здравствениот сектор: подигање и здружување на доволно финансиски средства, обезбедување на ефективни и квалитетни услуги од давателите на здравствени услуги и соодветни методи за плаќање на давателите на здравствени услуги;
  • Рекреација: ефективна и ефикасна организација и управување со здравствениот сектор.

Улогата и функцијата на Министерство за здравство

  • Ја подготвува здравствената политика во државата и го следи нејзиното спроведување;
  • Утврдува приоритети во здравствената заштита и го следи функционирањето на системот на здравствена заштита;
  • Врши проценка на организационата поставеност на институциите во системот и потребата од процеси на преструктуирање и/или од формирање на нови институции или дејности;
  • Ја следи ефикасноста на управувањето со Фондот за здравствено осигурување, преку посебна единица.

Фонд за здравствено осигурување ФЗО е заснован на принципите на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефикасно искористување на средствата. ФЗО врши надзор над системот за осигурување, преку собирање на средствата од осигурениците и склучување договори со давателите на услугите.

Министерство за финансии во консултација со Министерството за здравство, ги дефинира средствата наменети за здравствениот сектор на годишно ниво и ги вклучуваат превентивните здравствени програми.

Министерство за труд и социјална политика, ги обезбедува потребните средства за здравствено осигурување на корисниците на социјални услуги и лицата со посебни потреби.

Состојбата на здравствената заштита во Македонија според нивото на здравствена заштита е поделена на:

  • Примарна;
  • Секундарна и
  • Терциерна во соодветните здравствени региони.

Како и во многу други земји, здравствениот систем во Македонија е ориентиран кон примарната здравствена заштита како основа на системот, каде што се остварува првиот контакт со здравствената служба и каде што се задоволени најголем дел од здравствените потреби на населението. Примарната здравствената заштита претставува база на целосниот здравствен систем и нуди основна здравствена заштита на локално ниво.

Пациентите на кои им е потребна здравствена заштита на повисоко ниво, докторот за примарна здравствена заштита ги упатува на амбулантно поликлиничко лекување или болничко лекување. Мрежата на здравствени установи на секундарно ниво е широко распространета, со одредени разлики во поглед на просторниот капацитет и достапноста на персоналот и опремата. И покрај широко распространетата мрежа на различни здравствени институции, системот не функционира како интегриран и координиран систем.


Источниот плански регион на Република Македонија го опфаќа сливното подрачје на реката Брегалница и зафаќа површина од 3537 км2 или 14.2% од територијата на Република Македонија. Регионот е составен од 11 општини (Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип) кои во поглед на урбанизираноста се поделени на 217 населени места, од кои 209 места се карактеризирани како рурални населби.

Демографија

Источниот плански регион од аспект на демографија има слични демографските трендови како и целата Република Македонија. Во последните години евидентирана е депопулација и намалување на бројот на населението.

Индексот на бројот на население во 2013 година е прикажан во следната табела.

Учеството на населението од Источниот плански регион во вкупното население на Република Македонија во последните 5 години се намалува. Густината на населението во Источниот плански регион изнесува 50,4 жители на квадратен километар. Во тек на една година (2013) имало само 1.540 новороденчиња, што дава стапка на наталитет од 8.6 промили. Во истиот период бројот на умрени лица бил 1.851 што дава негативен природен прираст од -311 лица или стапката на природен прираст од -1.74 промили. Во 2013 година во Источниот плански регион се доселиле 184 лица, а се отселиле 55 лица. Во однос на националната структура на населението во Источниот плански регион присутни се:

Национална структура на населението

Здравствени установи во Источниот плански регион на Република Македонија

  • Здравствени страници;
  • Здравствени домови;
  • Приватни здравствени установи;
  • Општа болница;
  • Клиничка болница;
  • Приватни болници;
  • Институт за јавно здравје на Македонија, Центри за јавно здравје – Општина Штип и Кочани

Примарна здравствена заштита

Примарната здравствена заштита во Македонија ја обезбедуваат различни типови на приватни и јавни здравствени организации: здравствени станици, здравствени домови и вонболнички стационари при здравствени домови. Превентивните, промотивните и здравствените услуги се обезбедени во примарната здравствена заштита, обезбедена од различни видови на здравствени работници и соработници: Служба за општа медицина, Служба за медицина на трудот, Служба за здравствена заштита на деца од 0-6 години, Служба за здравствена заштита на училишни деца и младина, Служба за здравствена заштита на жени преку општи лекари, специјалисти по општа медицина, педијатри, специјалисти за училишна медицина, гинеколози и специјалисти по медицина на трудот. Како и во многу други земји во транзиција и овде има широко распространета приватизација, голем број на лекари, отворија приватни здравствени ординации. Во моментов, 607 од 1.722 лекари од примарна здравствена заштита (повеќето од нив општи лекари, педијатри и гинеколози) работат во приватни ординации (извор: Министерство за здравство). Приватните лекари од примарната здравствена заштита не обезбедуваат сеопфатна примарна грижа, вклучувајќи ги сите превентивни услуги и итна грижа по работното време, т.е. не обезбедуваат континуирана здравствена заштита. Целта на приватизацијата на примарната здравствена заштита е да го подобри квалитетот на здравствените услуги.

Источниот плански регион е поделен на седум здравствени региони: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Пехчево, Пробиштип и Штип.

Демографски, витални и здравствени показатели во здравствените региони во состав на Источниот плански регион

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита по дејности во Здравствен региoн Берово

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита по дејности во Здравствен регион Виница

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита по дејности во Здравствен регион Делчево

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита по дејности во Здравствен регион Кочани

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита по дејности во Здравствен регион Пробиштип

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита по дејности во Здравствен регион Штип

Здравствени установи во примарна здравствена заштита

Број на лекари по здравствени региони во состав на Источниот плански регион на Република Македонија

  • Здравствен регион Берово – 39 лекари
  • Здравствен регион Виница – 33 лекари
  • Здравствен регион Делчево – 46 лекари
  • Здравствен регион Кочани – 94 лекари
  • Здравствен регион Пробиштип – 30 лекари
  • Здравствен регион Штип – 201 лекар

Класификација на лекари по здравствени региони со состав на Источниот плански регион на Република Македонија

Здравствени работници во болничките одделенија во општите и клиничките болници во Источниот плански регион

Постелен фонд во болничко – стационарните установи

Мрежа на медицински единици – места пунктови во примарна и превентивна здравствена заштита по здравствени региони


Секундарна и терцијарна здравствена заштита

Секундарната здравствена заштита се обезбедува во специјалистичко-консултативни служби.

Секундарната здравствена заштита се обезбедува преку општите и клиничките болници, поделени на специјалистичко-консултативни служби за здравствена заштита, одговорни за амбулантска проценка и лекување и болничка здравствена заштита, канцеларии и институти. До овие услуги се пристапува преку упат од избраниот лекар. Секундарна здравствена заштита – Специјалистичко-консултативна здравствена заштита вклучува специјалистичка дијагноза, лекување и рехабилитација. Истатата се спроведува во специјалистичките ординации во здравствените домови, поликлиники, амбулантите во Општите и Клиничките болници, службата за медицинска рехабилитација, како и во специјалните болници.

Терцијарната здравствена заштита се обезбедува во клиничките болници и во Универзитетскиот клинички центар. Превентивните, лекувачките и рехабилитационите здравствени услуги се обезбедуваат на овие две нивоа, а здравствената заштита ја обезбедуваат различни типови специјалисти и субспецијалисти.

Здравствени установи во секундарна здравствена заштита во Источниот плански регион на Република Македонија

Здравствени работници во специјалистичко-консултативна дејност во секундарна здравствена заштита во Источен плански регион

Здравствени работници во дејноста на медицинска рехабилитација во секундарна здравствена заштита во Источен плански регион

Здравствени работници во службата за трансфузија во секундарна здравствена заштита во Источен плански регион

Здравствени работници во службата за кожно-венерични болести во секундарна здравствена заштита во Источен плански регион