Проектот Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство CB006.1.31.017 е финансиран од Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија. Водечки партнер во проектот е Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, Бугарија а Партнер е Јавна Здравствена Установа Клиничка Болница – Штип, Македонија.

Целта на проектот е интеграција на европските здравствени стандарди и иновации преку интензивирање и промоција на прекуграничната соработка.

Проектот се реализира во Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Активностите се во правец за надминување на заедничките недостатоци во врска со состојбата на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти.

Проектот промовира соработка и иновативни практики за здравствена заштита во двата соседни региони, преку употреба на нови технологии, градење на капацитети, настани, размена на искуства и најдобри практики помеѓу медицинските лица од целниот регион.

Во рамки на проектот ќе се стави во функција прекугранен кластер за здравство што ќе даде голем придонес во унапредувањето на соработката и спроведување на идни заеднички активности со цел зајакнување на севкупниот економски и социјален развој на прекуграничниот регион.

Главни проектни активности

  1. Управување и координација на проектот;
  2. Спроведување на серија од активности за информирање и публицитет на проектот со цел привлекување на целните групи и нивно вклучување во спроведувањето на проектот;
  3. Развој на концепт и алатки и формирање на прекуграничен Кластер за здравство и изработка на заедничка стратегија за основање и развој на прекуграничен кластер за здравство помеѓу Македонија и Бугарија;
  4. Изработка на прекуграничен здравствен Каталог;
  5. Програма за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти за размена на најдобри практики и искуства во областа на напредни третмани и превенција од разни болести со користење на иновативни пристапи и модерни стандарди на здравствена заштита;
  6. Изработка на веб-портал “CBHealth”;
  7. Набавка на специјализирана медицинска опрема;
  8. Отворени денови во Македонија и Бугарија.

Целни групи:

  • Лекари, млади кои работат во здравствените установи во прекуграничниот регион, студенти, дипломирани студенти по медицинските науки;
  • Приватни и јавни општи болници и болници за специјализиран третман кои нудат здравствени услуги во прекуграничниот регион;
  • Специјализирани лекари педијатри, кардиолози, ортопеди, гениколози и итн.
  • Универзитети (медицински факултети) кои обезбедуваат високо образование на медицинските науки во прекуграничниот регион;
  • Локалните и регионалните власти, креатори на политиките за економскиот и социјалниот развој на регионите;