Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
Проектот CBHealth е финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020. Програмата е ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија. Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу населението и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите. Програмата има три приоритетни оски, проектот CBHealth e финансиран од Приоритетна оска 3. КОНКУРЕНТНОСТ, Специфична цел 3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси.
Крајната цел на Програмата е да се зајакне капацитетот на локалните и регионалните власти во развојот и спроведувањето на заеднички проекти во прекуграничен регион, опфаќа две области од Бугарија, Ќустендил и Благоевград и три региони од Македонија, Источен, Североисточен и Југоисточен плански регион.
Програмата е управувана од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
Повеќе информации на www.ipa-cbc-007.eu