На Четвртата научно – практична конференција на Бугарскиот лекарски сојуз, организирана од страна на Подрачниот колегиум на Бугарската лекарска унија од Благоевград, д-р Ален Георгијев и д-р Павле Коцев учествуваа како претставници од ЈЗУ Клиничка болница – Штип. Главна тема на Форумот беше: „Управување со ризикот во медицинската пракса – компликации, пропусти, неадекватност“, а како подтеми беа одредени „Развојот на прописите во судската практика: случаи кои достигнуваат во судница“ , како и „Итност , Навременост, Достапност, Квалитет и Превенција за медицинските пропусти кај: Дијабетесот ,Миокардниот инфаркт , Мозочениот удар и заболувања.

На Конференцијата беа презентирани новитетите од областа на медицината и беа изнесени потребните промени во здравствениот систем.
Претседателот на ФЕМС д-р Енрико Реџина го презентираше Извештајот за медицинските отстапувања, неточности и недостатоци во праксата на наведените теми.

Исто така беше посветено внимание и за коментари и дискусии за проблемите на квалитетна дијагностика кај итни состојби, како и прашањата за недостатоци и промени во медицинската документација.

Форумот се одржа во Несебар, Република Бугарија од 26 до 29 април 2018 година.