Јавна Здравствена Установа Клиничка Болница – Штип, Македонија
Ул: Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип, Македонија
Т.: +389 32 394 099, Ф: +389 32 605 001
www.bolnicastip.com.mk
[email protected]
Јавната Здравствена Установа Клиничка болница Штип (ЈЗУ Клиничка Болница Штип) е основана во 1965 година и обезбедува здравствена заштита за Источниот плански регион на Република Македонија за повеќе од 250.000 жители.
ЈЗУ Клиничка Болница Штип е управувана од страна на Директор, Др. Ален Георгијев и Управен одбор. Во рамки на истата функционира и стручен колегиум во кој членови се сите раководители на болничките одделенија и здравствени работници со посебни овластувања и одговорности.
ЈЗУ Клиничка Болница Штип, во својата 24-часовна здравствена заштита овозможува, стационарна здравствена заштита, хируршки интернистички интервенции, гинекологија и акушерство, педијатрија, офталмологија, анестезиологија со реанимација, максилофацијална хирургија, патологија, кожни заболувања, лабораториски услуги, инфективни активности, не-онтолошки активности, ортопедија со трауматологија, радио дијагностика, итна медицинска помош со приемен дел, стерилизација, депо за складирање на лекови за пациентите.
Организацијата на работата на ЈЗУ Клиничката Болница Штип се базира на принципите на пристапност, ефективност и континуитет на здравствената заштита, како и модерни и потврдени достигнувања на медицинските науки.
ЈЗУ Клиничка Болница Штип располага со постелен фонд од 414 легла.
Работата и функционирањето на болницата е организирана во единици, одделенија кои го претставуваат целокупниот организационен-технички процес на работа и тоа во 15 болнички одделенија и 3 специјалистичко-консултативи служби.
Проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” CB006.1.31.017 се спроведува во соработка со Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, Бугарија како Водечки партнер во истиот.