д-р Георги Алексиев – началник на одделот за хирургија во Сандански е ,,Лекар на годината за 2018 година “, избран од членовите на Регионалната комора на бугарскиот лекарски сојуз – Благоевград.
д-р Саби Хаџиев – специјалист по општа и абдоменална хирургија во Благоевград е победник на Конкурсот ,,Омилен лекар за 2018 “, избран преку гласање на Радио Благоевград.
Имињата на наградените лекари беа објавени на свечена церемонија во Арт – салонот на Радио Благоевград,
Наградата за лекар на годината на д-р Георги Алексиев беше врачена од страна на д-р Дафина Тачова, како претседател и претставник на Подрачниот колегиум на Бугарскиот лекарски сојуз .
Директорот на Радио Благоевград , Елисавета Каменичка ја врачи наградата на д-р Саби Хадџиев , специјалист по општа и абдоменална хирургија во Благоевград,Тој доби најмногу гласови од слушателите на Радио Благоевград и заслужено му беше доделена наградата ,,Омилен лекар за 2018 ” . Оваа награда беше утврдена со гласање на Радио Благоевград на страната на Фејсбук ,по телефон и по електронска пошта.
Со специјални музички честитки на лекарите им честитаа проф. Кирил Костов со Вокално студио “Фа тараба” , Петја Стојчева и Бојан Георгиев.
/Изјави од Д-р Алексиев и Д-р Хаџиев/