Од 29-30 Мај 2017 година (понеделник-вторник) во Хотел “Кристо” Благоевград, Бугарија, РК на Бугарски лекарски сојуз-Благоевград и ЈЗУ Клиничка Болница – Штип ќе организираат дводневна работилница дел од Програмата за јакнење на капацитетите на медицински специјализанти и специјалисти и млади доктори во рамки на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” CB006.1.31.017, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Учеството на работилницата е отворено за медицински специјализанти, специјалисти и млади доктори. На дводневната работилницата ќе бидат опфатени повеќе теми, меѓу кои: однос “лекар-пациент”, пациент и пристап кон пациентот; ќе бидат разгледани повеќе студии на случаи “Грешки во текот и во врска со лекувањето”; теми од областа кардиологија и итна медицинска помош и останити атрактивни теми од медицинските науки.

Главна цел на работилницата е јакнење на капацитетите и знаењето на младите лекари, специјализанти и специјалисти, отворени дискусии, размена на искуство како и вмрежување со нивни колеги од регионот Благоевград. На крајот од работилницата на сите учесници ќе и се доделат Сертификати за нивното учество и несебичен придонес.

Заинтересираните учесници своето учество можат да го пријават на веб страната на проектот www.cbhealth.eu или на емаил: [email protected].