Ќе се организира дводневен настан “Отворени Денови на Здравството” во рамки на проектот, “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство“СВ006.1.31.017, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија No 2014TC16I5CB006-2015-1.
Учеството на настанот е отворено за доктори, медицински специјалисти од јавни и приватни здравствени установи како и за останати заинтересирани страни. Во рамки на дводневниот настан ќе се изврши презентација на Стратегијата за основање на “Прекуграничен Кластер за Здравство” и ќе се оддржи Првото Генерално-Основачко Сообрание на Прекуграничниот Кластер за Здравство. Преку презентации и панел дискусии на атрактивни теми учесниците ќе имаат можност за размена на знаење, најдобри практики и искуства во областа на напредни третмани и превенција од разни болести со користење на иновативни пристапи и модерни стандарди на здравствена заштита како и посета на јавни и приватни здравствени установи во општина Штип.
Настан ќе се оддржи од 12-13 Октомври 2017 година (четврток – петок) во Хотел “ИЗГРЕВ”, Штип, Македонија со почеток во 10:00 часот.
Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ ИПА.