Во состав на Истрочниот плански регион делуваат два Центри за Јавно Здравје во Општина Штип и Општина Кочани кои имаат свои истурени единици во останатите општини од регионот.
Дејноста на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Штип и Кочани е утврдена со Законот за здравствена заштита на Р.Македонија, Републичката програма за превентивна здравствена заштита како и други останати законски прописи што имаат за цел превземање мерки и активности за унапредување на здравјето на населението, истражување и детектирање на причините за појава на заразните и другите заболувања, како и здравствено-еколошките фактори на животната средина.
Јавните Здравствени Установи Центар за Јавно Здравје Штип и Кочани имаат широк опфат на делности и услуги помеѓу кои се:
- Хигиена;
- Лабараториска дејност;
- Микробиологија-Бактериологија и Имунологија-Серологија;
- Епидемологија-дезинфекција, дезинсекција и дератизација;
- Социјална медицина-Здравствено воспитување-Советувалиште за репродуктивно здравје.
ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Штип има 36 вработени додека ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Кочани има 41 вработен, од различни стручни профили како: специјалисти и магистри, доктори по медицина, инженери, технолози, економисти и технички специјализиран кадар.
Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.