Можности за образование и постдипломски студии по медицински науки

Постдипломското образование во медицината има за цел подготовка на висококвалификувани специјалисти за здравствената мрежа во земјата. Овој процес вклучува:

Едукација за стекнување специјалност, согласно номенклатурата на специјалностите и условите за нивно вклучување во здравствениот систем – Анекс 1 од Правилникот бр.1 на Министерот за здравство од 22.01.2015 година;

  1. Едукација за стекнување на професионална квалификација за вршење на високо специјализирани дејности во одредена област на здравствената заштита за лица со стекната специјалност:
  2. Континуирана едукација по стекнување на право за примена на квалификација (континуирана обука) преку учество на семинари, конгреси, конференции, симпозиуми, публикации во научни списанија, вонредно учење итн.

Едукација за стекнување на специјалност во здравствениот систем
Медицински универзитет – Софија

Адреса: Софија 1431
Бул. “Акад. Иван Гешов ” бр. 15
Ректор Проф. Д-р Виктор Златков

Медицинскиот универзитет во Бугарија се покажа како универзитет кој најмногу ги исполнува критериумите за високо образование и наука од областа на медицината, стоматологијата, фармацијата и јавното здравство, пример за дијагностицирање и лекување. Значајни институции се универзитетските болници: “Александровска”, “Света Катерина”, “Царица Јоана”, “Мајчин дом” и др.

Со Одлука бр. 34 од 29.12.2006г. за стекнување на специјалност во здравствениот систем се утврдува номенклатурата на специјалностите во здравствениот систем и се уредуваат условите и начинот за спроведување и финансирање на образование за стекнување специјалност во здравствениот систем. Номенклатурата на специјалностите, исто така, ги одредува условите за обука за стекнување специјалност.

Медицинскиот Универзитет-Софија е акредитирана од Националната агенција за оценка и акредитација на високото училиште. Во согласност со Уредбата бр. 34, Медицинскиот универзитет во Софија ги поседува теоретските и во некои специјалности практична обука за стекнување специјалност во здравствениот систем.

Специјализација во здравствениот систем се стекнува по завршувањето на наставната програма и успешно положениот практичен и теоретски испит пред комисија за државен испит, назначена со наредба на Министерот за здравство.

Одделот “СДО и УБК” при Ректорот на МУ-Софија организира, регистрира, оддржува и контролира обуката за стекнување на специјализација во здравствениот систем.


Обука за стекнување специјализација во здравствениот систем на бугарски државјани

Со специјалност во здравствениот ситем можат да се стекнуваат овластени медицински професионалци со високо образование по специјалности од професионални насоки “Медицина”, “Стоматологија”, “Фармација” и “Здравствена грижа и заштита”.

Специјалност можат да стекнат и немедицински специјалисти со високо образование, ако има одредена специјалност за нив во номенклатурата и работат во тој дел во здравствениот систем.

Според финансирањето, образованието на специјалистите може да биде:

  1. финансирано од државата;
  2. преку директно плаќање;
  3. предвидено со член 20;
  4. финансирано од друг извор;
  5. за странци.

Вредноста на теоретската и практичната обука, како и односот на вредностите на теоретската и практичната обука за еден месец се определува со наредба од страна на министерот за здравство.

Пријавувањето се врши во МУ-Софија, а едукацијата се спроведува на универзитетот и во задравствените медицински установи акредитирани за спроведување на практична обука за одредена специјалност.

Не е дозволено да се запишат и да се спроведат две специјализации.

Граѓаните на земјите – членки на Европската унија, на другите земји од Европската економска зона и на Швајцарија се прифаќаат да бидат дел од образовниот процес, да можат да се стекнат со специјалност под услови и права утврдени како и за бугарските граѓани.

Лицата со двојно државјанство, бегалци и странци од бугарскo потекло имаат право да специјализираат под условите предвидени за бугарските граѓани.


Прием на специјализанти

МУ-Софија објавува во национален и локален весник конкурси за местата за постдипломци во рок од три месеци од утврдувањето со Наредба на Министерот за здравство.

Крајниот рок за поднесување на документите за пријавување е 30 дена пред започнување на едукацијата.

Запишувањето на специјализација за стекнување на специјалност во здравствениот систем се базира на класификација на конкурентност.

Конкурсот за специјализации се објавува врз основа  на Наредба на Министерот за здравство, за точен  број на места за постдипломски студии по видови на места, институции за обука и по специјалности.

Конкурсот се објавува, организира и спроведува од страна на Одделот “СДО и УБК” при Ректорот на Медицинскиот Универзитет Софија.

Испитот  е во писмена форма, анонимен, и трае четири часа.

За учество на конкурсот за запишување за специјализација за стекнување на специјалност во здравствениот систем, кандидатите плаќаат вредност одредена од Ректорот на МУ-Софија.

Кандидатите имаат право да се јават на конкурс по различни специјалности и за места во различни медицински установи кои спроведуваат практичната обука за стекнување на специјалност во здравствениот систем.


Спроведување државен испит за стекнување специјалност

Студентите кои ја завршиле релевантната наставна програма и индивидуалната наставна програма се подобни за полагање на државен испит за стекнување на специјалност.

За прием на државен испит специјализантите поднесуваат лично или преку овластено лице молба до ректорот на МУ-Софија.

За прием на државен испит, специјализантите поднесуваат барање:

  • од 1 до 28 февруари за мајска испитна сесија
  • од 1 до 30 септември за декемвриската испитна сесија 

Државните испити за специјализација се организираат на годишно ниво и се одржуваат во две сесии: од 1 мај до 31 мај и од 1 до 31 декември.

Специјализантите имаат можност на едно јавување на Државен испит за специјализација во рамки на едена испитна сесија.

Правата кои произлегуваат од признатата специјалност, се признаваат од 1 јуни за лицата кои успешно го положиле државен испит во испитната сесија во мај, и од 1 јануари – за лицата кои успешно положиле државен испит во испитната сесија во декември.


Специјализација на странски државјани

Странците кои ги исполнуваат наведените услови можат да аплицираат за специјализација за стекнување специјалност во здравствениот систем:

  1. Да зборуваат бугарски јазик и стручната терминологија на бугарски јазик и да имаат признаена професионална квалификација во медицинска професија според Законот за признавање на професионална квалификација во случаите од чл. 186, став. 3 (2) од Законот за здравје, или
  2. Да владеат бугарски јазик и стручна терминологија на бугарски јазик и успешно да имаат положено испит по предметите според чл. 186, став. 3 (3) (а) од Законот за здравје.

Странците кои сакаат да специјализираат на Медицинскиот Универзитет во Софија ги доставуваат следните документи во Одделот за труд и социјална политика:

  1. барање со формулар;
  2. кратка биографија;
  3. лекарско уверение, издадено во рок од еден месец пред датумот на поднесување на барањето;
  4. документ за познавање на бугарски јазик и стручната терминологија на бугарски јазик во случаите под чл. 186, став. 3 од Законот за здравје, издаден од Министерството за образование и наука;
  5. потврда за признавање на професионална квалификација или потврда за успешно положен испит според чл. 186, став. 3 (3) (а) од Законот за здравје.
  6. заверена копија од диплома за високо образование;
  7. една фотографија 3,5 / 4,5 cm, со трите имиња од лична карта и специјалност напишани на задната страна

Документите издадени во странство мора да бидат легализирани, преведени и нотарски заверени.

Странските кандидати за специјализација кои имаат дозволено постојан престој во Р. Бугарија, бегалците и странците од бугарска народност имаат право да специјализираат под условите предвидени за бугарските граѓани.

Државните испити за странските државјани се спроведуваат од комисии, одобрени од Министерот за здравство во рок од 3 месеци по спроведувањето на наставната програма и индивидуалниот наставен план.

Правата што произлегуваат од призната специјалност на странски државјани се признаваат од датумот на издавање на сертификатот, но не подоцна од еден месец по успешно завршениот државен испит.


Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски “- Медицински факултет

Софија 1407, ул “Козјак” 1
Телефон: (+359) 2 9607 417
Факс: (+359) 2 9624 771
телефон 02/930 84 00 за специјализации: “Медицина”, “Медицинска грижа” и “Медицинска рехабилитација”;
телефон 02/846 74 29 за специјалност “Медицина на англиски”

Подготовките во различни видови и форми се организираат од Секторот за постдипломски студии во Ректоратот на Софискиот Универзитет “Св. Климент Охридски “и Деканатот на медицински факултет. Целите и задачите на обуката се спроведуваат од страна на научно-академски состав на факултетот, академските раководства на сите нивоа и други универзитетски оддели. Согласно ПМС главната клиничка база на Медицинскиот факултет е Универзитетската болница “Лозенец”, но практичната обука и обуката за високо специјализирани активности во медицината се остварува и во болнички бази акредитирани по чл.90 од ЗЛЗ врз основа на билатерални договори помеѓу Ректорот на Софискиот Универзитет “Св. Климент Охридски “, Деканот на Медицинскиот факултет и раководителот на болничката база. Во моментов такви договори се склучени со Воено-медицинска академија, УМБАЛ “Сити Клиника”, МБАЛ “Софијамед”, СБАЛ “Хематолошки болести” и МБАЛ “Скин Системс”.

Во рамките на Медицинскиот факултет на СУ се вршат постдипломски студии по голем број од специјалностите наведени во Анексите на Наредба бр. 1 / 2015 година на МЗ. Процесите се усогласени со основните нормативни регулатори во Р. Бугарија и внатрешни правила за условите и постапките за спроведување на обуката за стекнување на специјалност и континуираната медицинска обука во Медицински факултет на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски “, усвоен од Академскиот совет на Софискиот универзитет.