Унапредување на здравството во прекуграничниот регион помеѓу
Македонија и Бугарија
CBHealth Ref: СВ006.1.31.017
Јавната Здравствена Установа Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Активностите во рамки на проектот се во правец за надминување на заедничките недостатоци во врска со состојбата на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти. Предвидена е реализација на слични активности со отворени можности за вмрежување и отворени дискусии за заедничките прашања и перспективи на здравствениот сектор. Проектот промовира соработка и иновативни практики за здравствена заштита во двата соседни региони, преку употреба на нови технологии, градење на капацитети, настани, размена на искуства и најдобри практики помеѓу медицинските лица од целниот регион.
Со поддршка на заеднички активности ќе се основа и ќе се стави во функција прекуграничен кластер за здравство што ќе даде голем придонес во унапредувањето на соработката и спроведување на идни заеднички проекти со цел зајакнување на севкупниот економски и социјален развој на прекуграничниот регион.
Ова е прв заеднички проект на Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград со вкупниот буџет на проектот од 116.925,66 евра.
За подетални информации посетете ја веб страната на проектот CBHealth www.cbhealth.eu или пишете на емаил: [email protected].