Во сала 5 од Општина Благоевград на 28.03.2017 год. Пред медиумите беше презентиран проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” Ref: СВ006.1.31.017.
Вкупната вредност на проектот е 116 925 евра, а партнерите во проектот се РК на Бугарскиот Лекарски Сојуз, Благоевград и ЈЗУ Клиничка болница Штип.
Главни проектни активности се изработка на Заедничка Стратегија за формирање на прекуграничен здравствен кластер, обуки и семинари за млади луѓе лекари и специјалисти, набавка на медицинска опрема за СБАЛО “Св. Мина ” и Одделението за Уво, нос и грло во рамки на ЈЗУ Клиничка Болница, изработка на здравствен каталог за сите болници во регионот.

Резултатите што треба да се постигнат преку спроведување на проектот се подобрување на квалитетот на здравствените услуги, квалификација на млади лекари и идните медицински специјалисти како и промовирање на конкурентноста во прекуграничниот регион. Времетраењето на проектот е 12 месеци и истиот ќе заврши до октомври 2017 години. Проектот е кофинансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ – ИПА Бугарија – Македонија, 2014-2020.