Спроведена дводневна обука во Штип за млади медицински специјалисти
Ref: СВ006.1.31.017

ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Македонија и РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источен плански регион и регионот Благоевград, Бугарија.

Од 27-28 јуни 2017 година се спроведе дводневна обука дел од “Програмата за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти“ во општина Штип. Во текот на обуката беа опфатени повеќе атрактивни теми од “Болести ОРЛ”, кардиологија и инвазивни третмани, “здравство-вредности-промени”, гинекологија, правна рамка на судските и вонсудски начини за решавање на спорови и конфликти, медијација и клинички етички советувања и останати теми кои беа презентирани и дискутирани пред сите учесници во дводневната обука.

Во обуките учество зедоа околу четириесетина учесници од двата региони студенти на медицински факултет, млади доктори, специјализанти и останати претставници од здравниот сектор и истите се здобија со сертификати, признание за нивното учество и несебичен придонес во истата. Презентации од спроведената обука може да се најдат на веб страната на проектот www.cbhealth.eu .