Од 17 октомври 2016 година Регионалната Колегија на Бугарскиот лекарски сојуз – Благоевград и Јавната Здравствена Установа Клиничката Болница Штип, започнаа со реализација на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравство и иновации во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство”, реф: CB006.1. 31.017. Проектот е финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и областа Благоевград, Бугарија.

Во рамките на проектот CBHealth, набавена е специјализирана медицинска опрема: ендо-хируршки генератор (со рачен артикл, криви ножици Harmonic Ace 23 см и закривени ножици Harmonic Ace 36 см) ендо-хируршки генератор комбиниран со напредна технологија и екран на допир во една компактна и лесена за ракување единица која ги  поддржува моменталните и идните ултразвучни и софистицирани биполарни уреди. Таа им овозможува на хируршките тимови повеќе време да се фокусираат на пациентот отколку на технологијата. Уредот е дизајниран да ги задоволи уникатните потреби на секој член на хируршкиот тим. Ова едноставно, но револуционерно откритие е големо олеснување како за хирурзите и за медицинскиот персонал, со што се намалува бројот на инструменталните алатки. Новата опремата значително ќе ја  подобри, модернизира и ќе ја олесни работата на одделот за хирургија за лекување на онколошки болести (болести на рак) во специјализирана болница за активен третман “Свети Мина”.

Набавената опрема значително ќе го подобри квалитетот и ќе даде подобри резултати во понатамошниот третман и лекување, вклучувајќи и лекување на ларингеален карцином. Специјализираната медицинска опрема ќе даде голем придонес за решавање на проблемите на населението кои треба да одат во државните и универзитетски клиники за овој тип на дијагностика. Вредноста на опремата е на износ од 19.950,00 евра и истата е финансирана од Европската унија.