Јавната Здравствена Установа Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Во рамки на проектот реализирани се дел од активностите во правец за надминување на заедничките евидентни недостатоци кои се поврзани со моменталната состојба на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти.
На 28 март 2017 година РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград и ЈЗУ Клиничка Болница, Штип оддржаа прва прес конференција за промоција на проектот CBHealth во општина Благоевград. Главна цел на прес конференцијата беше присутните гости да се запознаат со целта на проектот и активностите предвидени во рамки на истиот. На прес конференцијата учество зедоа представници од здравствени институции во состав на двата региони, медиуми и останати заинтересирани страни.
На прес конференцијата свое обраќање за значењето на проектот имаа Д-р Саби Хаџиев, Претседател на управниот одбор на РК на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград, Д-р Александар Стојановски, Медицински Директор на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Мр. Елизабета Папарова, Организационен Директор на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Мр. Драгица Здравева, Раководител на Центар за развој на Источен плански регион, Д-р Ѓорѓи Георгиев, Директор на специјализираната болница за активно лекување по онкологија ”Свети Мина” Благоевград и Атанас Крнчев, Тим лидер на проектот.
Ова е прв заеднички проект на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип и РК на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград со вкупниот буџет на проектот од 116.925,66 евра.