На 28 март 2017 година, Јавна здравствена установа Клиничка Болница – Штип, Македонијаи Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, Бугарија оддржаа прва прес конференција за промоција на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

На прес конференција се промовираа активностите во рамки на проектот пред представници од здравствени институции во состав на двата региони, медиуми и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион.

На прес конференцијата свое обраќање за значењето на Проектот имаа:

– Г-дин Саби Хаџиев, Претседател на управниот одбор на Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград;

– Г-дин Александар Стојановски, Медицински Директор на Јавна здравствена установа Клиничка Болница – Штип;

– Г-ѓа Елизабета Папарова, Организационен Директор на Јавна здравствена установа Клиничка Болница – Штип;

– Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центар за развој на Источен плански регион;

– Г-дин Г-дин Ѓорѓи Георгиев, Директор на специјализираната болница за активно лекување по онкологија”Свети Мина” и

– Г-дин Атанас Крнчев , Тим лидер на проектот.

Главна цел на настанот беше присутните гости детално да се запознаат со целта на проектот и активностите предвидени во рамки на истиот.

Проектот ќе се реализира во Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Проектните активности се во правец на надминување на заедничките недостатоци во врска со состојбата на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти.

Со проектот ќе се реализираат идентични активности и на двете страни од регионот со отворени можности за вмрежување и отворени дискусии за заедничките прашања и перспективи на здравствениот сектор. Проектот промовира соработка и нови иновативни практики за здравствена заштита преку употреба на нови технологии, градење на капацитети, настани, размена на искуства и најдобри практики помеѓу медицинските лица од целниот регион. Со поддршка на заеднички активности ќе се основа и ќе се стави во функција прекуграничен Кластер за здравство што ќе даде голем придонес во унапредувањето на соработката и спроведување на идни заеднички активности со цел зајакнување на севкупниот економски и социјален развој на прекуграничниот регион.

Ќе се изработи и прекуграничен здравствен Каталог кој ќе нуди детален преглед на здравствениот сектор и услугите во прекуграничниот регион, веб-портал “CBHealth” што ќе биде заедничка платформа за информирање, размена и јакнење на капацитетите на здравствените работници со посебен акцент за млади лекари, студенти и дипломирани студенти по медицина и ќе се набави специјализирана медицинска опрема заЈавна здравствена установа Клиничка Болница – Штип и СБАЛО “Свети Мина”, Благоевград.

До Октовмри 2017 година ќе се спроведе серија од работилници врз основа на претходно креирана програма за јакнење на капацитетите на млади медицински специјалисти и отворени денови во Македонија и Бугарија.

Ова е прв заеднички проект на Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград.

Вкупниот буџет на проектот е 116.925,66 евра.