Оддржана прва прес конференција во општина Штип, Македонија
во рамки на проектот CBHealth Ref: СВ006.1.31.017
Јавната Здравствена Установа Клиничка Болница, Штип, Македонија и Регионална Колегија на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград, Бугарија од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и регионот Благоевград, Бугарија. Во рамки на проектот реализирани се дел од активностите во правец за надминување на заедничките евидентни недостатоци кои се поврзани со моменталната состојба на системот за здравствена заштита во двете земји, како и евидентниот недостаток на високо квалификуван персонал и одливот на млади медицински експерти.
На 08 април 2017 година, ЈЗУ Клиничка Болница, Штип и РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград оддржаа прва прес конференција за промоција на проектот CBHealth во општина Штип, Македонија. Главна цел на прес конференции беше присутните гости детално да се запознаат со целта на проектот и да се запознаат со активностите предвидени во рамки на истиот. На прес конференцијата учество зедоа представници од здравствени институции од прекуграничниот регион, претставници на регионалните и локални власти, медиуми и останати заинтересирани страни.
Свое обраќање за значењето на проектот имаа Д-р Александар Стојановски, Медицински Директор на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Мр. Елизабета Папарова, Организационен Директор на ЈЗУ Клиничка Болница, Штип, Мр. Драгица Здравева, Раководител на Центар за развој на Источен плански регион, Д-р Ѓорѓи Георгиев, Директор на специјализираната болница за активно лекување по онкологија ”Свети Мина” Благоевград и Александар Николов, координатор на проектот од македонска страна.
Ова е прв заеднички проект на Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград со вкупниот буџет на проектот од 116.925,66 евра.