Од 29 – 30 Мај 2017 година во Хотел “Кристо” Благоевград, Бугарија, РK Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, Бугарија и Јавната здравствена установа Клиничка Болница – Штип, Македонија спроведоа дводневна работилница дел од Програмата за јакнење на капацитетите на медицински специјализанти и специјалисти и млади доктори во рамки на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” CB006.1.31.017, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.
Официјалното отварање на работилницата беше од страна на Д-р Съби Хаджиев, Председател на Управниот одбор на Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз-Благоевград а вовед на престојните теми за работилницата даде Г-дин Атанас Крнчев, Тим лидер на проектот.
Предавачи на работилницата беа Д-р Антонија Глиговора и Д-р Анатоли Тачов.
На дводневната работилницата беа опфатени повеќе теми, меѓу кои:
- Однос “лекар-пациент”, пациент и пристап кон пациентот;
- Правни прописи и регулативи, права и обврски во процесот на лечење, согласно европското и бугарското законодавство со осврт кон македонската регулатива;
- Степенот на усогласеност на европското и бугарското законодавство со осврт на макдонското законодавство;
- Студија на случај “Грешки во текот и во врска со лекувањето”;
- Етички аспекти на информирана согласност – добри практики;
- Кардиологија и Итна медицинска помош;
- Уметноста да се лекува артериска хипертензија во контекст на неколку клинички студии;
- Катетер реваскуларизација кај ИБС: вовед, индикации и иновативни правци и методи;
- Нестабилната ангина – митови и вистини;
- Инвазивни и терапевтска стратегија кај пациент со ОКС со ST-елевација. Местото на Брилик и Беталок во целокупниот третман;
- Електрокардиостимулатор компатибилен со ЈМР;
- Современи трендови при користење на набавената специјализирана медицинска опрема за неинвазивни третмани на онколошки заболувања;
- Правна рамка на судските и вонсудски начини за решавање на спорови и конфликти;
- Медијација и клинички етички советувања.
Главна цел на работилницата е зајакнување на знаењето на младите лекари, специјализанти и специјалисти, отворени дискусии, размена на искуство како и вмрежување со нивни колеги од регионот Благоевград. Во дводневната работилница учество зедоа 30-тина учесници.
На крајот од вториот ден на работилницата на сите учесници и беа доделени Сертификати за нивното учество и несебичен придонес.
Втората дводневна работилница во рамки на проектот ќе се спроведе во Штип, Македонија последната недела од Јуни 2017 година.
Ова е прв заеднички проект на Јавна здравствена установа Клиничка Болница, Штип и Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз, Благоевград.