Набавена е специјализирана медицинска опрема за Р.Е Уво, Нос и Грло при
ЈЗУ Клиничка Болница во рамки на проектот
CBHealth” Ref: СВ006.1.31.017

ЈЗУ Клиничка Болница, Штип и РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Во рамки на проектот CBHealth за регионалното одделение за уво, нос и грло во рамки на ЈЗУ Клиничка болница Штип се набавија четири софистицирани апарати, специјализирана медицинска опрема, Ригиден оптички ларингоскоп, Флексибилен фибероптички назофарингоскоп, Тимпанометар и Аспиратор за сукција за потребите на одделението. Опремата официјално се испорача и стави во функција на населението од Источниот регион и пошироко од 5 Јули 2017 година.

Со ново набавената опрема значително ќе се подобри квалитетот на услугите во делот на дијагностика, како и истата ќе даде подобри резултати во понатамошното лекување, вклучувајќи го и лекување од ларингијални карциноми. Специјализираната медицинска опрема ќе се стави крај на маките и проблемите на жителите, кои за овој тип на дијагностика мораа да одат на државните клиники. Вредноста на опремата е 20.000 евра и истата е со потекло од Европска Унија.

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ ИПА.