Демографската ситуација во регионот Благоевград, иако со малку подобри показатели од просечните за целата земја, е резултат на долготрајното дејство на бројни фактори и се карактеризира со траен тренд на намалување на бројот на населението и на неговото стареење. Демографскиот развој на населението и демографските процеси се карактеризираат со, намален наталитет, помалку бракови, засилена урбанизација специфични за земји во транзиција, повисокото ниво на смртност и интензивна надворешна миграција. Ниското ниво на наталитет и високата смртност придонесуваат негативен природен прираст на населението во изминатиот десетгодишен период.

Регионот Благоевград е дел од Југозападниот регион (ниво NUTS 2). Територијата на регионот зазема 6 452,3км 2, што претставува 5,8% од територијата на земјата. Административна областа е поделена на 14 општини, 96 месни заедници и 280 населени места. Регионот Благоевград е на трето место по територија, на шесто место по население. Населението во регионот Благоевград до 31.12.2015 година е 315 577, што претставува 4,4% од населението на Бугарија. Во споредба со претходната година населението е намалено за 11 234 лица (-3,56%). Задржана е структурата на градското и селското население 60% со 40%. Задржан е и трендот за зголемување на соодносот жени 51% – мажи 49%, при што жените по работоспособна возраст имаат поголем животен век од  мажите.

Промените во старосната структура на населението го одразуваат процесот на демографско стареење, незначајно зголемување на бројот и процентот на населението до 15-годишна возраст), кој за 2015 година е 15.0% од вкупниот број на населението. Во исто време расте релативниот удел на населението над 65 години, кој во 2015 година достигнува 21.4%. Просечната должина на животниот век кај нас е 74,5 години и останува пониска од онаа во ЕУ.

Во Извештајот “Намалување на економското влијание на стареењето на населението: можни варијанти за Бугарија” на Светската банка во 2014 е илустрирана како можност следниот график на населението на Бугарија по групи.

Задржана е долгорочната тенденција за намалување на наталитетот (9.2% о), објективно условена од влијанието на голем број демографски, социјални и економски фактори, и останува пониска од просекот на ЕУ (10.02%), но се приближува до нивото во повеќе европски земји. Проблем како за Бугарија, така и за регионот Благоевград останува високото ниво на смртност – општа и предвремена. Задржан е трендот на смртност да биде повисок кај мажите во однос на жените, и повисок во селата во однос на градовите. Индикаторот останува значително повисок од просекот на ЕУ.

Се задржува структурата на причините на смртност во последните години, а на прво место продолжуваат да бидат болестите на органите за циркулација (65.4%) и неоплазми (16,4%).

Постојат позитивни трендови кај индикаторите за морталитет кај помлади возрасни категории, предвремена смртност, кои се најчувствителни во однос на влијанието на здравствениот систем врз демографската состојба на населението.

Показателот на предвремена смртност (релативен удел на умрени лица под 65-годишна возраст од вкупниот број на умрени), кој го задржува нивото за претходните 3 години, во 2015 година се намалува со 1,0% во споредба со претходната 2014 година. Кај мажите предвремената смртност е 2 пати повисока 28.3% во однос на жените 13,9%.

Анализата на податоците за основните здравствено-демографски индикатори јасно покажува дека во моментов Бугарија, во споредба со земјите од Европската унија, се соочува со многу сериозни предизвици поврзани со:

Високо ниво на смртност и предвремена смртност;

  • Високо ниво на смртност кај мајките и новороденчињата;
  • Висок ниво на инвалидитет и трајна неспособност;
  • Низок животен век во години и години во добро здравје.

Главните причини за влошените здравствени индикатори се:

  • Хронични незаразни болести, главни причини за смрт и намалена работоспособност, со најголем процент на кардиоваскуларни болести и малигни заболувања;
  • Условите кои се случуваат во текот на бременоста, породувањето и постпородиниот период, перинатален период и вродени аномалии.

Незадоволителните резултати од тековните политики за справување со овие предизвици на влошување на демографската состојба и присуството на значајни социјални ризици за големи групи од населението условува потребата од комплетна промена во приодите за обезбедување на здравје и благосостојба на бугарските граѓани.

Функционирање на здравствениот систем

Здравството е дел од социјалниот систем во кои е идентификувана потреба да биде извршена клучна реформа, насочена кон оддржливо подобрување на индикаторите за здравје на бугарските граѓани, промоција на здравјето, превенција и заштита од болести.

Во 2015 година беше усвоен Концепт “Цели за здравството 2020”, кој ги формулира националните здравствени цели на Бугарија во областа на здравството, насочени кон оддржливо подобрување на здравјето на бугарските граѓани, како главен фактор за оддржлив раст.

Согласно Националната здравствена стратегија 2020 година обезбедување на ефикасни механизми за оддржливо финансирање на здравствениот систем е клучен фактор за остварување на пошироката програма на реформирање на системот за променливите здравствени потреби. Во последните години, зголемувањето на трошоците за здравствена заштита предизвикува сериозни предизвици за владините институции низ целиот свет. Во многу земји, релативниот удел во буџетот за здравство како процент од БДП е поголем од кога било. Голем број на здравствени системи не успеваат да се справат со трошоците, а финансискиот притисок уште повеќе го отежнува постигнувањето на точен баланс помеѓу потребите и ресурси и обезбедување на соодветна социјална заштита. Зголемувањето на трошоците главно се одредува преку обезбедување, нови методи и технологии за третман како и зголемување на очекувањата и барањата на луѓето да се заштитат од здравствени ризици и пристап до висококвалитетна медицинска нега. Според експертите главните трендови на демографската состојба на населението и зголемувањето на трошоците во здравството, во комбинација со трендови на пазарот на труд и со БДП, кои главно предизвикуваат застој во приходите, доведуваат до се поголеми дефицити во државниот удел на буџетот за здравство.

“Демографските, епидемиолошки и економски трендови, во комбинација со постојната структурна неефикасност во сегашниот систем на здравствена заштита, претставуваат значајни предизвици за идното адекватно финансирање на здравствените услуги за населението на Бугарија. Ова доведе до ситуација во која сегашниот систем на здравствена заштита не одговара на потребите на населението и во која без значајни реформи идните здравствени и финансиски перспективи изгледаат мрачни. “Извештај на Светска банка 2015 год.