Регионална колегија на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, Бугарија
Ул: Браќа Миладинови бр.21
2700 Благоевград, Бугарија
Т: +359 73 83 22 58
www.bls.blgrad.net
bls@blgrad.net

Регистрирана е според Законот за организации на лекари и стоматолози на Република Бугарија. Во моментов во Благоевградскиот лекарски сојуз членуваат вкупно 835 лекари, кои спроведуваат активности во медицински институции на територијата на 14 (четиринаесет) општини во регионот Благоевград. Колегијата ја координираат Управен одбор, Комитет за професионална етика и Контролна комисија. Согласно статутот, Бугарскиот лекарски сојуз ги претставува своите членови и ги брани нивните професионални права и интереси, контролира обезбедување на квалитетни здравствени услуги и активности, во согласност со добрата медицинска практика и медицинските стандарди. Регионалната колегија на Бугарскиот лекарски сојуз – Благоевград е една од 28 регионални колегии во Република Бугарија.

Регионалната колегија на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград е водечки партнер во проектот CBHealth.