„Онколошките заболувања се приближуваат до хроничните заболувања и не се повеќе „смртна казна“. – Ова го изјави заменикот – претседателот на Бугарскиот лекарски сојуз, проф. д-р Николај Габровски при отворањето на конференцијата „Иновации во онколошката терапија – парадигма на сегашноста“, која се одржа на 29.05.2019 година во Софија, Р.Бугарија.

Професор Габровски истакна дека може да бидеме среќни со развојот на медицината, дека последните 10 до 15 години сме влегле во нова епоха на опременост и развој и промена на начинот на размислување.

Во Европа 3,7 милиони се лица заболени од онколошки заболувања, од нив 1,9 милион се со смртен исход. 1/4 од заболувањата во светот се онколошки заболувања. Лекувањето на овие заболени доживеа вистинска револуција и
полека тие се претвараат во хронични заболувања.

Двајца од тројца пациенти заболени од карцином имаат преживување подолго од пет години.75 % од заболените со оваа болест по лекувањето се враќаат на работните места.Република Бугарија не заостанува зад овој тренд. Индикативен е фактот дека луѓето со оваа дијагноза се двапати повеќе од новорегистрираните случаи.

Заменик претседателот на парламентарната здравствена комисија доцент д-р Лачезар Иванов во неговот обраќање на овој собир истакна дека, онколошките заболувања се приоритет на Владата на Република Бугарија, за што е индикативно зголемувањето на финансиските средства за дијагностицирање и лекување во последните четири години.Тој ги истакна податоците дека во периодот од 2015 до 2019 година за апаратура во оваа област потрошени се 8,5 милиони лева. Инвестициите во европрограмите изнесуваат 68,382 милиони лева. За болничко лекување во 2015 година потрошени се 112, 293 милиони лева, а во 2019 година 209 милиони. За лекови во 2019 година НЗОК издвојува 245 962 792 лева , а во 2019 –та година 416 104 355 лева.