Категорија: Настани за проектот

Ќе се организира дводневна обука во рамки на проектот CBHealth, CB006.1.31.017 во општина Штип

Од 27-28 Јуни 2017 година во хотел „ИЗГРЕВ“, Штип, Македонија, ЈЗУ Клиничка Болница – Штип заедно со РК на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, организираат дводневна обука, активност 5 “Програма за јакнење на капацитетите на млади медицински специалисти“ во рамки на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020. На дводневната обука учество може да земат студенти на медицински науки, млади доктори и медицински специјалисти за размена на најдобри практики и искуства во областа на напредни третмани и превенција од разни болести со користење на иновативни пристапи и модерни стандарди на здравствена заштита. Учесниците на дводневната обука ќе имаат можност да ги проследаат и да земат учество во четири панел дискусии на теми: “Болести ОРЛ”, “здравство-вредности-промени”, Кардиологија и Гинекологија. Пријавување за учество во обукиата може да направите на веб страната на проектот www.cbhealth.eu или на е-маил: jzuobstip@yahoo.com Преземи покана и агенда...

Read More

Ќе се организира дводневна работилница дел од Програмата за јакнење на капацитетите на медицински специјализанти и специјалисти во рамки на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” CB006.1.31.017, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

Од 29-30 Мај 2017 година (понеделник-вторник) во Хотел “Кристо” Благоевград, Бугарија, РК на Бугарски лекарски сојуз-Благоевград и ЈЗУ Клиничка Болница – Штип ќе организираат дводневна работилница дел од Програмата за јакнење на капацитетите на медицински специјализанти и специјалисти и млади доктори во рамки на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” CB006.1.31.017, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020. Учеството на работилницата е отворено за медицински специјализанти, специјалисти и млади доктори. На дводневната работилницата ќе бидат опфатени повеќе теми, меѓу кои: однос “лекар-пациент”, пациент и пристап кон пациентот; ќе бидат разгледани повеќе студии на случаи “Грешки во текот и во врска со лекувањето”; теми од областа кардиологија и итна медицинска помош и останити атрактивни теми од медицинските науки. Главна цел на работилницата е јакнење на капацитетите и знаењето на младите лекари, специјализанти и специјалисти, отворени дискусии, размена на искуство како и вмрежување со нивни колеги од регионот Благоевград. На крајот од работилницата на сите учесници ќе и се доделат Сертификати за нивното учество и несебичен придонес. Заинтересираните учесници своето учество можат да го пријават на веб страната на проектот www.cbhealth.eu или на емаил:...

Read More

Специјализирана медицинска опрема е набавена во рамки на проектот CBHealth, Реф: СВ006.1.31.017 за СБАЛО “Св. Мина” – Благоевград

Од 17 октомври 2016 година Регионалната Колегија на Бугарскиот лекарски сојуз – Благоевград и Јавната Здравствена Установа Клиничката Болница Штип, започнаа со реализација на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравство и иновации во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство”, реф: CB006.1. 31.017. Проектот е финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион, Македонија и областа Благоевград, Бугарија. Во рамките на проектот CBHealth, набавена е специјализирана медицинска опрема: ендо-хируршки генератор (со рачен артикл, криви ножици Harmonic Ace 23 см и закривени ножици Harmonic Ace...

Read More

Спроведена прес-конференција во рамки на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” Ref: СВ006.1.31.017

Во сала 5 од Општина Благоевград на 28.03.2017 год. Пред медиумите беше презентиран проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” Ref: СВ006.1.31.017. Вкупната вредност на проектот е 116 925 евра, а партнерите во проектот се РК на Бугарскиот Лекарски Сојуз, Благоевград и ЈЗУ Клиничка болница Штип. Главни проектни активности се изработка на Заедничка Стратегија за формирање на прекуграничен здравствен кластер, обуки и семинари за млади луѓе лекари и специјалисти, набавка на медицинска опрема за СБАЛО “Св. Мина ” и Одделението за Уво, нос и грло во рамки...

Read More
  • 1
  • 2