Категорија: Образовни установи

Универзитети во Бугарија

Можности за образование и постдипломски студии по медицински науки Постдипломското образование во медицината има за цел подготовка на висококвалификувани специјалисти за здравствената мрежа во земјата. Овој процес вклучува: Едукација за стекнување специјалност, согласно номенклатурата на специјалностите и условите за нивно вклучување во здравствениот систем – Анекс 1 од Правилникот бр.1 на Министерот за здравство од 22.01.2015 година; Едукација за стекнување на професионална квалификација за вршење на високо специјализирани дејности во одредена област на здравствената заштита за лица со стекната специјалност: Континуирана едукација по стекнување на право за примена на квалификација (континуирана обука) преку учество на семинари, конгреси, конференции, симпозиуми, публикации во научни списанија, вонредно учење итн. Едукација за стекнување на специјалност во здравствениот систем Медицински универзитет – Софија Адреса: Софија 1431 Бул. “Акад. Иван Гешов ” бр. 15 Ректор Проф. Д-р Виктор Златков Медицинскиот универзитет во Бугарија се покажа како универзитет кој најмногу ги исполнува критериумите за високо образование и наука од областа на медицината, стоматологијата, фармацијата и јавното здравство, пример за дијагностицирање и лекување. Значајни институции се универзитетските болници: “Александровска”, “Света Катерина”, “Царица Јоана”, “Мајчин дом” и др. Со Одлука бр. 34 од 29.12.2006г. за стекнување на специјалност во здравствениот систем се утврдува номенклатурата на специјалностите во здравствениот систем и се уредуваат условите и начинот за спроведување и финансирање на образование за стекнување специјалност во здравствениот систем. Номенклатурата на специјалностите, исто така, ги одредува условите за обука за...

Read More

Факултет за медицински науки

Јавна високо-образовна установа Универзитет “Гоце Делчев” – Штип, Република Македонија Факултет за медицински науки Ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А Пош. фах 201, 2000 Штип, Република Македонија Т: 00389 (0)32 550 830 – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип, Инфо Центар Т: 00389 (0)32 550 323 – Факултет за медицински науки Т: 00389 (0)32 390 700 Е: contact@ugd.edu.mk www.ugd.edu.mk Факултетот за медицински науки е најголемиот факултет во состав на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип со повеќе од 3200 студенти во својот состав, моментално е втор најголем факултет во Македонија. Формиран во 2007 година како Висока Здравствена Школа, во 2008 година е трансформиран во Факултет за медицински науки. Во 2009 година, на Факултетот за медицински науки веќе се акредитирани три академски студиски програми (Општа медицина, Дентална Медицина и Фармација) и 6 студиски програми за стручни студии (Акушерки, Медицински сестри, Физиотерапевти, Оптометристи, Забни техничари и Медицински лаборанти). Покрај студиските програми за втор циклус на студии (вкупно 12 специјалистички акредитирани програми), на Факултетот за медицински науки е акредитирана и студиска програма-магистерски студии за Радиофармација, што се изведува на англиски јазик. Од 2014 година, на факултетот се акредитирани и студиски програми за докторски студии за Биомедицина, Невронауки, Дентална Медицина, Општа медицина и Фармација. Од 2014 година, на Факултетот за медицински науки се реализираат и специјализации за дипломирани студенти од Дентална медицина, Фармација и Медицински науки. Главен фокус на сите вработени на факултетот е обезбедување на...

Read More