Од 27-28 Јуни 2017 година во хотел „ИЗГРЕВ“, Штип, Македонија, ЈЗУ Клиничка Болница – Штип заедно со РК на Бугарски лекарски сојуз – Благоевград, организираат дводневна обука, активност 5 “Програма за јакнење на капацитетите на млади медицински специалисти“ во рамки на проектот “Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

На дводневната обука учество може да земат студенти на медицински науки, млади доктори и медицински специјалисти за размена на најдобри практики и искуства во областа на напредни третмани и превенција од разни болести со користење на иновативни пристапи и модерни стандарди на здравствена заштита.

Учесниците на дводневната обука ќе имаат можност да ги проследаат и да земат учество во четири панел дискусии на теми: “Болести ОРЛ”, “здравство-вредности-промени”, Кардиологија и Гинекологија.

Пријавување за учество во обукиата може да направите на веб страната на проектот www.cbhealth.eu или на е-маил: jzuobstip@yahoo.com

Преземи покана и агенда тука.