Од 28-29 септември 2017 година, РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград и ЈЗУ Клиничка Болница, Штип организираат дводневен настан под наслов “Отворени Денови на Здравството” во општина Благоевград, Бугарија. На настанот е предвидено учество да земат 15 учесници од Македонија и 25 учесници од Бугарија. Во рамки на настанот е предвидено да се спроведат повеќе панел дискусиите посветени на атрактивни теми од здравството како и дискусии и преглед на здравствените системи на двете држави. Во текот на дводневниот настан се предвидува и посета во повеќе јавни и приватни здравствени институции како МБАЛ Благоевград, Медицински центар „Св. Иван Рилски” и СБАЛО „Св.Мина” Благоевград.

Заинтересираните учесници своето учество можат да го пријават на веб страната на проектот www.cbhealth.eu или на емаил: jzuobstip@yahoo.com