Здравствен регион Делчево

Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак, непосредно до границата со Република Бугарија на оддалеченост од само 10 km.  На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини. Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. Општина Делчево на југ се граничи со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северозапад со општината Македонска Каменица.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом Гоце Делчев – Делчево

Адреса: Методи Митевски-Брицо бр. 44
2320 Делчево, Република Македонија
00389 (0)33 411 508
00389 (0)33 411 602
00389 (0)33 431 094
00389 (0)33 410 824
zddelcevo@zdravstvo.gov.mk

 Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

Болничка Здравствена заштита Јавна Здравствена Установа Клиничка Болница – Штип, Република Македонија 

Адреса: Љубен Иванов бр.25
2000 Штип, Република Македонија
00389 (0)32394099
00389 (0)32 605001
jzuobstip@yahoo.com
www.bolnicastip.com.mk

Јавната Здравствена Установа Клиничка болница Штип (во понатамошниот текст ЈЗУ Клиничка Болница Штип) е основана во 1965 година и обезбедува здравствена заштита за Источниот плански регион на Република Македонија за повеќе од 250.000 жители.

Етничкиот состав на населението што го покрива ЈЗУ Клиничка Болница Штип, според Државниот завод за статистика на Р. Македонија е:

ЈЗУ Клиничка Болница Штип е управувана од страна на Директор, Др. Ален Георгијев и Управен одбор. Во рамки на истата функционира и стручен колегиум во кој членови се сите раководители на болничките одделенија и здравствени работници со посебни овластувања и одговорности.

ЈЗУ Клиничка Болница Штип се наоѓа во најголемата општина во регионот, општина Штип на површина од 11. 746 м2 простории и 15 000 м2 дворна површина.

ЈЗУ Клиничка Болница Штип, во својата 24-часовна здравствена заштита овозможува, стационарна здравствена заштита, хируршки и  интернистички интервенции, гинекологија и акушерство, педијатрија, офталмологија, анестезиологија со реанимација, максилофацијална хирургија, патологија, кожни заболувања, лабораториски услуги, инфективни дејности , неонтолошки дејности , ортопедија со трауматологија, ренген  дијагностика, стерилизација, депо за складирање на лекови за пациентите. Во својата медицинска пракса овозможува и останата здравствена заштита, физикална медицина и рехабилитација, комплетни лабораториски испитувања, комплетна дијагностика на зглобовите, патолошки испитувања.

Во ЈЗУ Клиничка Болница Штип во областа на специјализирана консултативна грижа обезбедува: испитување и утврдување на болести, специјалистички, дијагностички, терапевтски и рехабилитациони прегледи, дава специјалистички мислења и предлози, дијагностика, третмани, редовен специјализиран надзор, врши секундарен превоз на пациенти, обезбедува консултативна медицинска помош, учествува во имплементација на посебни програми за превенција и рано откривање на болести и повреди, обезбедува професионални обуки на здравствените работници.

Организацијата на работата на ЈЗУ Клиничката Болница Штип се базира на принципите на пристапност, ефективност и континуитет на здравствената заштита, како и модерни и потврдени достигнувања на медицинските науки.

ЈЗУ Клиничка Болница Штип располага со постелен фонд од 414 легла.

Вкупен број на пациенти во последните три години:

Работата и функционирањето на болницата е организирана во единици, болнички одделенија кои го претставуваат целокупниот организационен-технички процес на работа и тоа во:

  • Анестезиологија, реанимација и интензивна нега во кома
  • Хируршки болести
  • Максилофацијална хирургија
  • Уролошки болести
  • Ортопедија и трауматологија
  • Гинекологија и акушерство
  • Очни болести
  • Оториноларингологија
  • Неврологија
  • Интерни болести
  • Психијатрија
  • Детски болести
  • Кожни-венерични болести
  • Физикална медицина и рехабилитација
  • Болничка аптека

Специјалистичко-консултативна служба: 

  • РЕ Лабараториска дејност
  • РЕ Ренген дијагностичка дејност
  • РЕ Патолошка анатомија со судска медицина 

Административно-техничка служба

  • РЕ Општо правно работење
  • Економско-финансово работење
  • РЕ Техничко работење

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

 

 

 

Здравствен регион Кочани

Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, на северната страна на Кочанската Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанска река, каде што таа ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Градот има јужна поставеност кон подножјето на Осоговските Планини. По 8 km на југ плодната Кочанска Котлина е затворена со планината Плачковица.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом – Кочани

Адреса: Милан Зечар бр. 21
2300 Кочани, Република Македонија
00389 (0)33 612 200
00389 (0)33 612 403
Е: zd_kocani@yahoo.com

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

 

Здравствен регион Пехчево

Општина Пехчево е погранична општина со Република Бугарија, која го зафаќа најисточниот дел на Република Македонија.

Примарната   здравствена   заштита   во   општина   Пехчево   воглавно се   обезбедува   во   Јавната Здравствена Установа Здравствен Дом Пехчево каде се овозможени и специјалистички услуги  од  интерна  медицина,  рендген, педијатрија  и  офталмологија. Дел од примарната здравствена заштита се и 4 приватни здравствени установи за  општа медицина, 1 приватна здравствена установа за гинекологија и 2 приватни аптеки и 1 амбулантска аптека во склоп на Здравствен дом-Пехчево.

Здравствени рабтници со висока стручна подготовка во Примарна здравствена заштита во Здравствениот Дом Пехчево се вкупно 6 (шест) од кои 2 (два) специјалисти.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом – Пехчево

Адреса: Индустриска бр. 5
2326 Пехчево, Република Македонија
00389 (0)33 441 148
zdpehcevo@zdravstvo.gov.mk

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

Здравствен регион Пробиштип

Општината Пробиштип се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Таа преку Злетовска река и нејзините пократки притоки му припаѓа на средното сливно подрачје на Брегалница, односно нејзиниот простор се протега од десната страна на реката Брегалница, помеѓу планините Манговица и јужните ограноци на Осоговските планини. Пробиштип  се граничи со општините Кратово,  Карбинци, Чешиново – Облешево  и Свети Николе.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом – Пробиштип

Адреса: Јаким Стојковски бр. 44
2210 Пробиштип, Република Македонија
00389 (0)32 483 136
00389 (0)32 484 894
zdprobistip@zdravstvo.gov.mk

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

Здравствен регион Штип

Во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во срцето на источна Македонија се наоѓа oпштина Штип. Подрачјето на Штип претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок на Кочанската, Овчеполската и Лакавичката котлина со долините на реките Брегалница и Лакавица.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом – Штип

Адреса: Христијан Карпош бр. 1
2000 Штип, Република Македонија
00389 (0)32 391 995
00389 (0)32 391 996
zdstip@zdravstvo.gov.mk

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

 

Здравствен регион Виница

Општина Виница се наоѓа во источниот дел на Република Македонија. Поширокото подрачје на општината Виница го зафаќа југоисточниот дел од Виничко – Кочанската котлина и се наоѓа помеѓу планините Обозна, Голак и Плачковица. Го зафаќа средишниот дел од коритото на реката Брегалница, која тече низ долината. Просторната и георгафската локација на општината е многу поволна. Топографски, градот Виница лежи на просторот каде се спојуваат долината (долниот дел) и ридот (ридскиот дел) на некогашната езерска рамнина.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом – Виница

Адреса: Јакимовски пат бр. 4
2310 Виница, Република Македонија
00389 (0)33 361 322
00389 (0)33 363 274
jzu.vinica@gmail.com

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

Јавна Здравствена Установа Општа Болница – Кочани

Адреса: Милан Зечар бр. 21
2300 Кочани, Р. Македонија
00389 (0)33 274 500
00389 (0)33 274 542
jzuobkocani@yahoo.com
mc.kocani@t-home.mk

ЈЗУ Општа Болницата Кочани е формирана во 1924 година како Станица за маларија. Од 1952 година е регистрирана како Здрaвен дом Кочани. Во почетокот на педесетите години со отварањето на интерно, детско и одделението за хирургија, Здравниот дом Кочани преминува во Јавна Здравствена Установа Општа Болница Кочани, лоцирана е во централното градско подрачје и нуди здравствени услуги на околу 120.000 жители од општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и населените места кои гравитираат кон Кочани – Виница, Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица. ЈЗУ Општа Болница Кочани нуди комплетна дијагностика во областа на здравствените услуги, амбулантски прием, болнички прием, дијагностика, медицинска грижа за болни со здравствени нарушувања како и нега на пациенти пред и после операциониот зафат.

ЈЗУ Општа Болница Кочани нуди болничка здравствена заштита преку следниве болнички одделенија:

  • Интерно
  • Детско
  • Гинекологија и акушерство и
  • Невропсихијатриско одделение.

И специјалистичко-консултативни услуги преку:

  • Очна амбуланта
  • Кожна амбуланта
  • Рентген дијагностика
  • Биохемиска лабораторија
  • Инфективна амбуланта
  • САРИЛ
  • Ортопедска амбуланта
  • Физикална медицина и рехабилитација
  • Патолошка амбуланта

Болничкиот дел располага со постелен фонд од 120 болнички кревети распределени на:

  • Интерно оделение – 34 кревети
  • Детско одделение – 16 кревети
  • Хируршко одделение – 25 кревети
  • САРИЛ – 6 кревети
  • Гинекологија и акушерство со оддел за новороденчиња – 15 кревети и
  • Невропсихијатриско одделение – 24 кревети.

Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.

Здравствен регион Берово

Општина Берово, сместена во Беровската котлина на Малешевските планини, го опфаќа најисточниот дел од Република Македонија, на југ се граничи со општините Ново Село, Босилово и Василево, на запад со општините Радовиш и Виница, на север со општините Делчево и Пехчево, на исток со државната граница на Република Бугарија.

Здравствените услуги на населението во општина Берово воглавно се обезбедени од ЈЗУ Здравствен Дом Берово, 12 приватни здравствени установи кои се произлезени од ЈЗУ Здравствен Дом Берово и две приватни здравствени организации кои работат подолго време. Во моментот постојат амбуланти во 6 селски населби со евидентирана потреба од лекари заинтересирани за обезбедување  на  здравствени  услуги  во  селските  населби.

Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом – Берово

Адреса: Задарска бр.38
2330 Берово, Република Македонија
00389 (0)33 471 002
00389 (0)78 447 603
00389 (0)33 471 615
zdberovo@zdravstvo.gov.mk

 Преземи целосна база со контакти од сите здравствени установи на овој линк.