ЈЗУ Клиничка Болница, Штип и РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство, Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Во рамки на проектот е развиен концепт и алатки за основање на ПРЕКУГРАНИЧЕН КЛАСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО и е изработена заедничка стратегија за воспоставување и развој на прекуграничниот кластер за здравство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со акционен план во кој се идентификувани идните заеднички активности на кластерот за период од пет години 2017-2022. За таа цел се информираат сите  претставници на здравствениот сектор, јавни и приватни здравствени организации и институции кои работат во состав на Источниот плански регион и регионот Благоевград доколку се заинтересирани да станат членки на кластерот да го изразат својот интерес преку официјалната веб страна на проектот www.cbhealth.eu или на е-маил jzuobstip@yahoo.com .

Преземи го тука формуларот за пријавување.

Прекуграничниот Кластер за здравство, номинацијата на членови во неговите управни органи официјално ќе се изврши на настанот “ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ЗДРАВСТВОТО”, што ќе се организира во општина Штип во текот на месец октомври 2017 година.