ЈЗУ Клиничка Болница, Штип и РК на Бугарски Лекарски Сојуз, Благоевград од 17 октомври 2016 година започнаа со реализација на проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство CBHealth Ref: СВ006.1.31.017. Проектот е финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 и се спроведува на територија на Источниот плански регион и регионот Благоевград.

Во рамки на проектот, во тек е изработка на Прекуграничен Здравствен Каталог, кој ќе даде детален преглед на здравствениот сектор и здравствените услуги во Источниот плански регион и регионот Благоевград. Прекуграничниот Здравствен Каталог ќе се изработи на три јазика, македонски, англиски и бугарски јазик. Сите заинтересирани јавни и приватни субјекти кои се дел од здравствениот сектор на овие два региони и сакаат да бидат дел од Прекуграничниот Здравствен Каталог можат пријават интерес со пополнување на Формулар за интерес може да се најде на веб страната на проектот www.cbhealth.eu или формуларот пополнет да се испрати на е-маил: jzuobstip@yahoo.com.

Прекуграничниот Здравствен Каталог ќе биде официјално промовиран на двата настани “Отворени Денови на здравството”, што ќе се организираат во Штип, Македонија и Благоевград, Бугарија кои ќе се спроведат во текот на септември / октомври 2017 година.

Преземи формулар за пријавување на овој линк.